ЗА НАШАТА
КОМПАНИЈА


ШАТЕ ја основавме во 1992 година во Гостивар. Започнавме како единствен застапник и дистрибутер на Порцеланка Велес во Западна Македонија.

Во 1999 година, кога преставништвото и изложбениот салон ги префрливме во Скопје, во нашата палета на производи воведовме продажба на плочки, санитарија и кади, а истовремено станавме единствен застапник за Keros Ceramica од Шпанија.

Бидејќи секогаш се стремиме да бидеме во тек со светските новитети и истите да можеме да ги понудиме на пазарот во Македонија, во 2005 година станавме единствен и ексклузивен застапник за GRESPANIA. Оваа компанија е една од трите водечки фабрики во Шпанија за производство на плочки и е секогаш меѓу првите во воведувањето на иновации од аспект на дизајнот и квалитетот на производите кои ги нуди.

Водејќи се од главната цел на компанијата, во програмата на ШАТЕ ги воведовме и брендовите од Германија како што се: Hansgrohe- за производство на батерии, DURAVIT- една од најстарите компании за производство на санитарија, Huppe- фабрика за производство на кабини со традиција повеќе од 120 години, TECE- производство на вградна техника за купатила како и водоводен систем и систем за подно греење и Schell -за производство на водоводни материјали.

Со цел да ги донесеме производите поблиску до потрошувачите и во останатиот дел од земјата, во 2008 година го отворивме нашето второ претставништво и изложбен салон во Битола. На повеќе од 2000 м2 во Скопје и 400 м2 во Битола можат да се најдат изложени ѕидни и подни плочки, санитарија, кади , кабини, намештаи за бањи, батерии, вградна техника и останати материјали во современо и стилски уредени амбиенти каде што потрошувачите ќе можат реално да видат како би можело да изгледа нивната бања.

Производите кои ги нуди нашата компанија можат да отсликаат сечиј стил на амбиентално уредување, вклучувајќи ја и преференцијата на луѓе кои веруваат дека еден дом е огледало на една индивидуа. Од класични линии на санитарија, плочки и батерии до современи и модерни бои и модели на производите.

Мисија



Нашата мисија е обезбедување на квалитетни производи надополнети со современ дизајн, следење на светските иновации и овозможување на истите да им бидат понудени на нашите потрошувачи.

Целосно и навремено остварување на барањата на потрошувачите.

Дизајн