НУДИМЕ ШИРОК АСОРТИМАН НА ПРОИЗВОДИ
ОД БРЕНДОВИ СО ДОКАЖАН КВАЛИТЕТ

КЕРАМИЧКИ И ПОРЦЕЛАНСКИ ПЛОЧКИ

Понудата на керамички и порцелански плочки во Шате е голема и најразновидна на нашиот пазар. Располагаме со најразлични димензии, вклучувајќи ги и новите екстремно големи димензии од 3600 х 1200цм. Плочките од нашата понуда пред се се истакнуваат по својот квалитет, којшто е гарантиран од најдобрите и најголемите светски брендови во индустријата за плочки.

Во понудата имаме плочки кои се разликуваат по:
- материјал (керамика, порцелан, камен, високо-технички порцелан)
- намена (надворешни, внатрешни, фасадни, индустриски, базенски плочки)
- стил – од рустикални декоративни плочки до плочки со најмодерен изглед и завршна обработка

САНИТАРНА ОПРЕМА ЗА БАЊИ

Брендовите (производителите) на санитарна опрема од нашата понуда се едни од најголемите и најквалитетните во светски рамки.

Благодарение на нивниот широк производствен асортиман, ние сме во можност да понудиме најквалитетни производи за сечиј стил, вкус и буџет: умивалници, ВЦ школки, бидеа, писоари, кади, туш кабини, мебел за бањи, огледала, галантерија за бањи (аксесоари), вентилатори. Од опрема за мали тоалети во угостителски објекти, бањи и санитарни простории за приватни и јавни објекти, до опрема за хотели и луксузни вили и апартмани со задоволување на највисоките санитарни стандарди.

БАТЕРИИ (СЛАВИНИ) И ТУШ СИСТЕМИ ЗА БАЊИ

Батериите (славините) за бањи од германските компании Hansgrohe, AXOR, Dornbracht Villeroy-Boch, Schell-Armaturen представуваат врв во светската понуда на ваков тип на производи. Се истакнуваат по својот квалитет кој е загарантиран од долгогодишната производствена традиција и иновативност во производствените процеси. Производите пленат со својот дизајн и ергономски облик, зад кој се потпишани најголемите имиња во современиот индустриски дизајн: Phillip Starck, Antonio Citterio, Patricia Urqiola, Jean-Marie Massaud.

Нашата компанија ШАТЕ обезбедува квалитетна услуга, техничка поддршка и сервис за асортиманот на Hansgrohe, AXOR, Dornbracht, Villeroy-Boch, Schell-Armaturen.

ВОДОВОДНА ИНСТАЛАЦИЈА, ВОДОВОДНО-САНИТАРНА ОПРЕМА, КАНАЛИЗАЦИОНА ИНСТАЛАЦИЈА, СИСТЕМИ ЗА ПОДНО ГРЕЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИСКИ СИСТЕМИ, ФИЛТРИ ЗА ВОДА И СИСТЕМ ЗА СУВА ГРАДБА WEDI.

Современиот начин на живот и зголемените барања на купувачите, доведоа до тоа бањата да се организаира на соодветен начин за да се исполнат соодветни критериуми како: висок степен на индивидуалност, безвременски дизајн, зголемена потреба за функционалност на просторот, иновативни решенија.

За да се постигнат соодветните критериуми, а притоа да се обезбеди соодветна сигурност, квалитет, брзина во изработката на инсталациите и да се запазат соодветните стандарди, нашата компанија ШАТЕ ексклузивно на македонскиот пазар е претставник на реномирани германски производители.